Списанието за патувања „Конде Наст“, кое постои од 1986 година, објави листа со 50 најубави мали градови ширум светот.
На листата се најде словенечкиот град Блед.
„Постои причина зошто Бледското Езеро е едно од најпопуларните места во Словенија. Со својата смарагдна вода, малото островче со цркви, погледот кон Алпите и замокот од 12 век на рид, нема да ви недостасуваат совршени погледи. Околниот град Блед е исто толку шармантен“, пишуваат уредниците на „Конде Наст“ за Блед.
Има гратчиња од различни делови на светот, од Канада до Јапонија.
Најубавото гратче во светот е Албарацин во Шпанија. Тоа се наоѓа во провинцијата Теруел, а според пописот од 2018 година има 1.016 жители.
„Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалавиар е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со розови и портокалови згради кои беспрекорно се вклопуваат во карпестата околина. Местото е особено уникатно поради неговата историја на муслиманско и христијанско владеење. Каде на друго место можете да најдете готски катедрали и маварски урнатини во ист мал град“, стои во описот.
Межу најубавите гратчиња во светот се и Бањос во Еквадор, Биеји во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперанс во Австралија, Гордес во Франција, Халштат во Австрија, Ируја во Аргентина, Ламу во Кенија итн. Кога светски познати списанија составуваат листи на најубави дестинации, во потесниот избор често влегуваат хрватски градови.
Извор: faktor.mk