Доаѓањето на ладното време значи и отварање на сезоната на носење хулахопки. Станува збор за парче облека кое не излегува од мода, но кое има најкраток рок на траење. Колку и да се внимава при нивно облекување или соблекување, не ретко се случува тие да се скинат и веќе да бидат неупотребливи.
Сепак, со овој мал трик ќе може да се продолжи нивното траење. Станува збор за три кратки и едноставни чекори:
- новиот пар хулахопки натопете ги во вода и добро процедете ги
- така процедени ставете ги во пластична кеса и оставете ги да отстојат цела ноќ во фрижидер
- сабајлето извадете ги и оставете ги на собна температура
Направете го ова само еднаш и ќе можете да ги носите хулахопките цела сезона без притоа да стравувате дека истите ќе ви се искинат.