Среќата не е недостижна и поголем дел од нас ја имаат, но за тоа не сме свесни.
Буда вели: „Дури ни твоите најлоши непријатели не можат да ти наштетат колку што можат твоите немирни мисли“.
Тибетски мудри мисли за среќен живот:
1. Доколку ти се допаѓа – кажи.
2. Доколку не ти се допаѓа – кажи.
3. Доколку ти недостасува некој – јави се.
4. Доколку нешто не ви е јасно – прашајте.
5. Доколку нешто сакате – барајте.
6. Никогаш не влегувајте во кавга.
7. Доколку сакате да ве разберат – објаснете.
8. Доколку сакате да се запознаете – зборувајте.
9. Доколку си виновен, кажи го тоа веднаш и не барај изговори.
10. Секогаш запомни дека секој има своја вистина и дека таа често не се поклопува со вашата.
11. Не дружете се со лоши луѓе.
12. Главната работа во животот е љубовта, сè останато е суета.
13. Проблемите на човекот се само во неговата глава.
14. Светот околу тебе не е лош ниту добар, него баш му е гајле кој си и што си.
15. Обиди се да уживаш во секој настан.
16. Секогаш запамети дека нема да имаш друг живот.
17. Не бидете здодевни.
18. Запомнете дека никому ништо не му должите.
19. Запомнете дека вам никој ништо не ви должи.
20. Не штедете го времето и парите за задоволство на запознавање на светот.
21. Во животот секогаш потпирајте се само на себе.
22. Верувајте им на своите чувства.
23. Доколку сте нерасположени, помислете на оние кои го немаат тоа вие што го имате.
24. Живејте денес, вчера е минато, а утре можеби нема ни да постои.
25. Знајте дека денеска е најдобриот ден некогаш.