Понекогаш ќе најдеме време за кратка пауза без многу потешкотии, но има и попредизвикувачки денови. Во секој случај, краткотрајното исклучување од работата, како и приватните обврски и бурното секојдневие можат да бидат „мелем на раната“.
Никогаш не смееме да бидеме премногу зафатени за да се грижиме за себе! Со години слушаме за тоа дека и во најбурните денови мора да имаме пет минути за себе, оние пет минути во кои нема да размислуваме за обврските на работа, за приватниот живот, за децата... туку само за нас самите. Понекогаш лесно ќе го најдеме тоа време, додека некој следен пат ќе мора повеќе да се намачиме. Затоа во продолжение, ви даваме неколку идеи како да ги пронајдете вашите пет минути дневно, дури и кога мислите дека немате време и на што да ги потрошите тие минути.
Пет минути за себе без мобилен телефон
За почеток, одјавете се од социјалните мрежи. Не мора да бидете достапни 24 часа на ден за сите луѓе во вашиот личен или деловен живот. Оставете го мобилниот телефон на пет минути и уживајте во моментот. Опуштете се, расчистете ја главата и препуштете се на нешто во кое уживате. Доколку сакате да ги поминете вашите пет минути на помирен начин, ви препорачуваме медитација или вежби за дишење. Не можете да погрешите и само со шолја чај и некоја хранлива маска за лице. Или со релаксирачка бања.
Можете да направите листа на работи за кои сте благодарни, советува The Plain Simple Life. Ако запишете десет такви работи, ќе го префрлите фокусот од изворот на стрес на она што ве прави да се чувствувате добро во животот. Здравје, семејство, пријатели... Има многу работи за кои понекогаш забораваме да бидеме благодарни. Можете исто така да поминете пет минути на видео повик со членовите на семејството или пријателите што не можете да ги видите во тие денови.
Ако уживате во готвењето и приготвувањето оброци, направете си здрава ужина. Кога сме под стрес, имаме тенденција да се храниме нездраво. Мислиме дека немаме време да подготвиме квалитетен оброк. Наместо пекарски производи или чоколади, подгответе поздрава ужина, за која ќе ви бидат потребни само десет минути. Ако немате толку време - една рака бадеми, јаболка или сезонско овошје ќе ви бидат добра замена.
Планирајте го вашиот одмор
Ако сакате да читате, одвојте пет минути за себе во оваа активност. Дури и ако не ви се допаѓа, обидете се да ја создадете оваа навика. Читањето има многу придобивки – го буди мозокот, ни помага да ги разбереме другите, не прави среќни, а притоа го намалува стресот.
И со сето тоа, го развива и нашиот речник. За оние кои сакаат да патуваат, добра идеја е да напишете листа на дестинации што сакате да ги посетите. Ова може да бидат и викенд дестинации за кои нема да ви треба одмор. Планирајте одмор кој ќе ви биде дополнителен мотив да ги исполните тековните обврски.
Ако сакаме, можеме да ги поминеме нашите пет минути не правејќи ништо - ништо. Единствено важно е да си го дозволиме времето во денот што ќе го поминеме точно како што сакаме, а ова се само дел од идеите!