Нема човек од светот на бизнисот, и од оној другиот позабавен, шоу-бизнисот, кој не седнал наспроти Опра Винфри и не одговарал на нејзините прашања. Самата Опра вели дека за 40-те години колку што е во бизнисот има направено околу 35.000 интервјуа.
Настрана (колку што е можно да се тргне настрана) дека ценетата Опра е навистина ценета, дека е една од најбогатите жени во светот без наследен долар и дека е пример за вистинска медиумска моќ во овој бизнис, дивата е вистинска ризница на животни приказни.
По толку интервјуа, што Опра Винфри издвои како заедничко за сите интервјуирани?
Опра и „Дали бев добар“?
Првата работа што ја научив преку илјадници интервјуа и моите соговорници е дека постои заеднички именител во човечкото искуство“, изјави Опра Винфри во интервју за Форбс.
„Без разлика дали сум интервјуирала бизнисмен милијардер, убиец на неродени деца, луѓе кои постигнале големи успеси и ги поместиле границите, без разлика дали тоа е една Бијонсе на врвот на славата или некоја славна личност – оној што седел наспроти мене, интервјуто секогаш го завршувавме со прашањето:
„Дали бев добар? Дали беше добро?’
Нема човек кој на крајот од овие илјадници интервјуа не сакал да знае дали сум ги слушнал, дали е важно што кажале?
Ова е голема работа што ја научив и се однесува на секој човечки однос. ‘Можеш ли да ме слушнеш? Слушна ли што реков?’ е првото нешто што секој соговорник би те прашал и најважното му е“, изјави Опра на новинарот на Форбс.
Богатството, славата, компаниите, искуството, популарноста или моќта не ја менуваат главната идеја и потреба што е во главата на секој човек. Огромното медиумско искуство на Опра Винфри вели дека секој сака да знае дека тој не се излажал и ги оправдал очекувањата.
Ако водите тимови или сте дел од еден, ова е правило кое на сите ќе им донесе многу добро ако го следите.
Извор: biznisinfo.mk