Во ова сеопшто Барби лудило, многумина заборавија на најпознатата југословенска кукла која во 80-те години беше направена според една позната пејачка од нашите простори.
Иако не беше оригинална Барби, денес таа во колекциите вреди многу - станува збор за кукла направена по ликот на Лепа Брена на која се присети екипата на Инстаграм страницата „Музеј на Југославија“.
„Додека целиот свет лудува по новиот филм „Barbie “, од колекцијата барбики ја издвојуваме онаа направена по ликот на Лепа Брена. Овој производ со ликот на познатата пејачка е продуциран заедно со албумот „Boli me uvo za sve“, кој е воедно и музичка подлога во филмот „Hajde da se volimo 3 - Udaje se Lepa Brena“ од 1990 година. Иако е изоставен од актуелниот филмски спектакл, музејот е тука да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски придонес за Барбиленд“, напишале во описот на фотографијата со хумористичен тон.
Во коментари се јавија мноштво жени од подрачјето на поранешна Југославија кои имале иста ваква кукла, но и такви кои биле разочарани кога ја добиле бидејќи таа воопшто не наликувала на Лепа Брена.