Градскиот совет на Њу Делхи ангажирал повеќе од 30 луѓе да ги имитираат движењата и вокализациите на агресивните лангури, природните непријатели на помалите макаки резус кои пустошат во зелените површини околу владините згради.
„Не можеме да ги отстраниме мајмуните од нивната природна средина, па распоредивме 30 до 40 луѓе да ги бркаат“, рече Сатиш Упадјај, потпретседател на градскиот совет. Иако се почитувани во мнозинската хинду нација, мајмуните се вистинска непријатност бидејќи пустошат градини и покриви на згради и куќи, а понекогаш и ги напаѓаат луѓето за храна.
Извор: vesnik.com