Meta им нуди на корисниците избор помеѓу бесплатно користење на своите социјални мрежи со реклами, како и користење без реклами - но со претплата.
На корисниците на Facebook и Instagram во земјите-членки на Европската Унија ќе им биде понуден претплатен план за користење на тие платформи без реклами, во согласност со регулативите на ЕУ, објави Meta.
Месечниот план за претплата ќе биде 9,99 евра за корисниците во ЕУ и Швајцарија, за десктоп корисници, додека корисниците на уредите со Android и iOS ќе треба да плаќаат 12,99 евра месечно.
Регулативите во Брисел би можеле да ја ограничат способноста на Meta да ги персонализира рекламите врз основа на навиките на корисниците без нивна согласност, загрозувајќи го нејзиниот главен извор на приходи.
Meta им нуди на корисниците избор помеѓу бесплатно користење на своите социјални мрежи со прикажани реклами, како и користење без реклами - но со претплата.
Ова би можело да ги наведе корисниците да се одлучат за првата опција и на тој начин да ѝ помогнат на Meta да ги прифати регулативите без да го менува деловниот модел на прикажување персонализирани реклами и огласи.
Инаку, најпопуларната социјална мрежа во светот - Facebook, веќе подолго време е под притисок на антимонополското законодавство на ЕУ.
Во јули Meta ја загуби битката со европското правосудство поради непочитување на германската одредба за ограничување на податоците. Претходно, ирската комисија за заштита на податоците на Meta ѝ изрече казна од 390 милиони евра.
По тој повод, извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, беше предупреден дека не може да го користи таканаречениот „договор“ како правна основа за испраќање огласи до корисниците врз основа на нивните онлајн активности.
Meta подоцна објави дека ќе побара согласност од корисниците во ЕУ пред да им дозволи на компаниите да обезбедат насочено рекламирање, со цел да ги исполнат регулаторните барања.
Извор: kajgana.com