Можеби звучи малку дискриминирачки, но гледајќи низ историските општествени обрасци, на мажите честопати им се умилкуваме при воспоставувањето на секојдневните обврски и односи.
Неретко им се препуштаат и одобруваат однесувања коишто на девојчињата им се ускратени. Под изговорот: „Ох“ такви се момчињата“, очекувањата од момчињата често се разликуваат од оние насочени кон женскиот род. Многу родители преку своето воспитување влијаат на забавување на процесот на растење и преземање одговорност, па не е чудно што мажите подоцна созреваат.
Врз основа на студиите спроведени од последната деценија на овој век, заклучено е дека просечниот период на целосно созревање на жената е возраст од 32 години. Тоа значи дека дотогаш жените веќе ги усвоиле нормите на однесување што им биле наметнати, туку научиле да ги диференцираат во согласност со сопственото искуство и потреби.
Научиле одговорно да ги исполнат обврските, да го менуваат своето однесување во согласност со одредени ситуации, да донесуваат одлуки, да си поставуваат цели. Тие се спознале себеси, својата сила, но и слабости, па самите изградиле алатки преку кои го зацврстуваат сопствениот карактер.
Мажите доцнат со сето ова цели 11 години!
Докажано е дека во просек созреваат дури на возраст од 43 години. Но, и тој просек не гарантира успешно или целосно созревање. Луѓето тешко се менуваат и доколку од нив не се бара да ја адаптираат својата комуникација или став за одредена ситуација и одговорност, тие нема да имаат потреба да се развиваат.
Оваа вест, во одредени случаи има и позитивен аспект. Имено, мажите кои одржуваат афинитет кон детско однесување често се со слободен дух и можат позитивно да влијаат на партнерскиот однос. Во него тие внесуваат ширина на размислувањето која сè уште ги доведува во прашање границите, а преку своите постапки ги поттикнуваат партнерите да ги ослободат своите скриени желби или потребата за нешто поразлично од рутината.
Една на три личности истакнала дека незрелоста на едниот партнер е генерално погодна при раното воспитување на децата, бидејќи тие се поврзуваат на поинаков начин и заедно го учат детето на различни вредности во порелаксирана атмосфера.
Своето мислење за поимот зрелост го искажале и мажите и жените кои учествувале во истражувањето.
Имено, мажите биле повеќе склони да се дефинираат како незрели со потполно фактичко прифаќање на таа состојба. Дури и секој четврт маж верувал дека е „целосно незрел“. Некои тоа го гледале кон призмата на шегата, додека други го сфатиле како карактерна маана со верување дека треба да поработат на тоа.
Жените, пак, многу почесто се окарактеризирале како „возрасни“ во односот, а особено се жалеле на неспособноста на мажите да ги артикулираат сопствените емоции. Како еден од најголемите проблеми или облици на незрелост со кои се сретнале, тие го споменале недостатокот на контрола на мажите при искажувањето на одредени физички манифестации: како шегите за подригнување или „испуштање ветер“. А потоа следеле: неодговорно и брзо возење, нездрава исхрана и недостаток на интерес и вештини за готвење, неодговорно однесување во текот на вечерните излегувања, пиење и играње видеоигри.
Само 3 од 10 жени признале дека ја прекинале врската затоа што не можеле да ги поднесат незрелите избувнувања и реакции на партнерот, а околу 46″ од жените биле во односи во кои се чувствувале како да се играат родител и дете и биле доведени во ситуации каде сфаќале дека „милувањето и разгалувањето“ на партнерот ги надминува нивните лични граници.
Доколку мислите дека вашиот партнер е незрел, прифатете го фактот дека поединци можат да се насочат кон само одредена цел на дејствување, но без сопствено согледување не можат да се променат.
Понекогаш мора и да се откажете од некои односи, но сепак, може да биде здраво и забавно за врската да внесете нови предизвици и да се препуштите на токму таква карактеристика на партнерот.