Целиот процес се снима и снимката се праќа на клиентот како доказ. Покрај сликите, тој ги уништува и подароците од кои сакаме да се отарасаме, независно од тоа за што станува збор.
Кога некој ве повредува емотивно, најмалку што можете да направите е да ги избришете неговите слики од социјалните мрежи. А ако сте билe во брак со таа личност, тогаш врамените фотографии и албуми обично завршуваат во кутија на таванот во подрум или во контејнер.
Иако кинењето или палењето на свадбени фотографии по неуспешен брак звучи едноставно, во Кинa тие се прават на цврсти акрилни платна, кои се многу отпорни на пламен. Разведените можат сликите да ги фрлат во ѓубре ама се плашат да не случајно некој ги препознае.Палењето пак дури и да е возможно не сакаат да го прават бидејки во Кина палење на слики на живи луѓе се смета за лоша среќа
Кинење слики на разведени
Тука на сцена стапува новиот бизнис од кинеската провинција Шандонг. Основан од страна на млад човек со презиме Лиу, новата компанија се специјализира за уништување на свадбени фотографии, помагајќи им на клиентите да го остават своето минато зад себе, истовремено заштитувајќи ја својата приватност
Го почнав овој бизнис со едноставна мотивација, а тоа е приватностста – изјавил Лиу за Bailu Video и додава:
Свадбените фотографии спаѓаат во категоријата приватни работи кои се многу лични, така што постои голема потражувачка за моите услуги. Добивм порачки од сите покраини и општини низ цела Кина, освен во Тибет - рече тој.
Бизнисот цвета, сликите само пристигнуваат
Компанијата на Лиу нуди неколку опции за цени - од 7 до 14 долари (од 350 до 800 денари) - во зависност од големината на свадбените фотографии што треба да се уништат. Кога ќе се постигне договор, клиентот ги праќа фотографиите во базата во Лангфанг во провинцијата Шандонг. Тука персоналот прво ги покрива фотографиите со боја за да се осигураат дека гостите не се гледаат, а потоа ги ставаат во голема машина за сечење. Целиот процес се снима и снимката се праќа на клиентот како доказ. Покрај сликите, тој ги уништува и подароците од кои сакаме да се отарасаме, независно од тоа за што станува збор.
Овој бизнис можеби единствениот од ваков вид во Кина, но неговиот успех го изненади и самиот сопственик. Со обзир на тоа дека другите компании се колебаат дури и да се обидат да ги запалат сликите на живи луѓе поради суеверие, неговиот едноставен бизнис за уништување на свадбени фотографии е едно од ретките достапни решенија за разведените луѓе.