
Министерот за внатрешни работи објави дека денеска на сметките на полицајците ќе им легне регрес за годишен одмор во вкупна висина од 2 милиони евра.
„Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР - со зголемување на платите за 35 отсто откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел - создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните“, информира Спасовски.