Во нашите краеви и оваа година декември покажува остри заби и ни донесе многу ниски температури, па веруваме дека многумина сонуваат за одмор во потоплите предели.
Но, добрата вест е дека не мора да патувате на друг континент како би уживале во топлите зраци на сонцето. Зимата во Европа не мора да биде студена, снежна и мрачна. Таа може да биде сончева и весела!
Во продолжение, ви носиме неколку идеи за топол зимски одмор токму во Европа.
Шармантната и сончева Малта
Последниве години оваа островска земја е вистински хит меѓу патниците. Повратен билет може да се најде за помалку од 35 евра, летот трае околу два часа, а благодарение на топлите температури и сончевата светлина во текот на целата година, можете да ја посетите Малта во било кој месец.
Во зима ќе уживате во многу благи температури кои се искачуваат и до 20 степени, но задолжително понесете си јакна која ќе ве заштити од ветерот кој е секојдневна појава. Главниот град на Малта, Валета, е еден од најмалите градови во светот, но е полн со шарм и убавина и споменици вредни за восхит кои се заштитени од УНЕСКО.
На раскошниот Кипар и среде е околу 20 степени
Статистиката вели: просечната температура во декември на Кипар е помеѓу 15 и 18 степени, а морето во просек достигнува просечна температура од 21 степен, што за многумина е сепак прифатливо за пливање, нуркање и други морски задоволства.
Сето ова го прави овој остров, кој се наоѓа меѓу Грција, Турција и Либан, идеален за бегство во топлите краишта.
Третиот по големина остров на Медитеранот и трет најгусто населен, Кипар, има богата историја, поделен е на грчки и турски дел и е познат по својата магична атмосфера, импресивни археолошки локалитети и вкусна храна.
Кога го посетувате Кипар, идеално е да изнајмите автомобил и да истражите големи и мали места, како и неверојатна природна убавина без ограничувања.
Волшебно привлечниот југ од Шпанија и фасцинантната Севиља
Слична е температурата на воздухот деновиве во главниот град на Андалузија и четвртиот по големина град во земјата, а според многумина и најромантичниот шпански град.
Фасцинантната Севиља има три локалитети под заштита на УНЕСКО, тоа се прекрасната палата Алказар, импресивната Севилска катедрала и Генералниот архив на Индија, кој чува вредни предмети од историјата на Шпанската империја.
Палатата и катедралата се задолжителни туристички постојки, а омилен меѓу посетителите е и главниот градски плоштад Плаза де Еспања, кој поради својата убавина е честа сценографија на „Инстаграм“ фотографиите од овој град.
Пријатни 15 степени и на југот од Италија, во главниот град на Сицилија
Главниот град на Сицилија, Палермо, поради 340 сончеви часови месечно и просечна годишна температура од 20 Целзиусови степени, едноставно е непропустлива дестинација доколку сакате да уживате во зимското сонце во Италија. Без разлика дали ќе го посетите Палермо во летните или зимските месеци, нема да можете да се заситите од богатата уметност и култура низ историскиот центар на Светското наследство на УНЕСКО.
Низ градот има живописни пазари на кои ќе видите продавачи на стари плочи и ЦД-а со огромни звучници прикачени на штандот како свират и пеат, свежо и мирисливо овошје и зеленчук кои не ѝ недостигаат на Сицилија, бројни тезги со храна и уникатни бувјаци каде што можете да разгледате и купувате антиквитети.