Мажите со добар надворешен изглед имаат помали шанси за вработување – велат истражувачите
Прочитајте која е Најбогатата земја во светот е 164 пати побогата од најсиромашната земја
Причината е во тоа што нивните надредени – припадници на посилниот пол – во тој случај се чувствуваат загрозено па затоа одбиваат да им дадат шанса на “згодните фраери“.
Авторот на истражувањето, професорката Сун Јанг Ли од Универзитетот во Мериленд причината за овој стереотип ја пронаоѓа во личните интереси на менаџерите.
Менаџерите не можат да побегнат од стереотипот кога вработуваат. Така, одлуката за тоа кој кандидат да ја добие работата најчесто се донесува во зависност од личниот интерес. Во моментот кога тие ќе почуствуваат опасност од тоа некој друг да се најде во центарот на вниманието, тие ќе се обидат да се заштитат себеси, вели професорката Сун Јанг Ли.
Точно е дека секој менаџер сака да вработи кандидат со пријатен надворешен изглед. Но, доколку менаџерите или надредените почувствуваат опасност, секако дека ќе вработат личност која е помалку привлечна.