Автомобилската индустрија ќе заработува милиони од претплати. Тоа е реченица која често се слуша, но која повеќето консументи не ја сфаќаат во целост, иако не станува збор за иднината, туку за сегашноста. За што всушност станува збор?
Купивте автомобил кој нема греење на воланот и седиштата, бидејќи живеете на некое потопло место или немавте дополнителни средства за да доплатите за такви детали.
Меѓутоа, тоа што не го знаете е дека вашиот автомобил всушност има греење во седиштата, односно вграден е целиот хардвер кој е потребен за да работи таа функција. Меѓутоа, таа функција не е активирана во „ECU“ (Electronic Control Unit) на вашиот автомобил.
Отклучување на функцијата
Меѓутоа, доаѓа февруари и вие тргате на скијање. Таму, секако, е студено и би било убаво да имате греење на воланот. Тука доаѓа претплатата. Вие преку својот автомобил го контактирате произведувачот и барате да „ја отклучи“ таа функција и – тој тоа го прави.
Секако, на ограничено време и за одредена надомест. И тоа се нарекува претплата. Како ќе изгледа тоа ни покажува „smart“, кој организирал тест-возење на својот модел #1 во снежните планини на Австрија.
„ECU“ автомобилите ќе може да активираат и деактивираат десетина функции и можности на автомобилите. Исто така ќе може да добијат дополнителна сила, видеосодржини или игри за деца, ограничување на максималната брзина, споделување на шифри за отклучување на возилото, телеметриски податоци …