Ако сакате подобри пребарувања кога користите „Google“, можеби наскоро ќе треба да платите за тоа.
Станува збор за користење на вештачка интелигенција за да му помогне на „Google“ подобро да одговори на вашите прашања (ако, се разбира, мислите дека вештачката интелигенција ќе може да ви помогне толку многу).
Имено, како што пренесува „FT“, „Google“ размислува за „премиум“ пребарување кое би користело генеративна вештачка интелигенција, а весникот овој концепт го нарекува „потенцијално најголемиот пресврт во бизнисот на „Google“ досега“.
Како може ова да функционира во пракса? Тројца извори рекоа за „FT“ дека се разгледуваат опции кои вклучуваат „додавање одредени функции за пребарување со вештачка интелигенција“ на премиум услугата, која веќе нуди пристап до асистентот за вештачка интелигенција „Gemini“ за „Gmail“ и „Docs“.
„Gemini AI“ е веќе вклучена во услугата „Workspace“, а овој напреден чет-бот е достапен и за претплатниците кои имаат „Google One“, па новите шпекулации би можеле да укажат дека пребарувањето со ВИ може да биде дел и од „Google One“.
Самиот извештај на „FT“ не дава дополнителни конкретни детали за плановите што „Google“ ги има во моментов, а единственото нешто што им беше кажано од компанијата беше повторување на она што го нудат какоа услуги за вештачка интелигенција.