Поранешен шеф на ФБИ, Крис Вос, открил трик којшто келнерите го користат за да го зголемат својот бакшиш дури за 70 отсто.
Овој едноставен, но ефикасен трик е повторување на нарачката на гостите.
Во едно истражување спроведено на Универзитет во Најмеген, на половина од вработените во ресторанот им било кажано да примаат нарачки како и вообичаено, додека на другата половина им било кажано вербално да ја повторуваат нарачката од гостите.
На пример, доколку гостинот нарача еден хамбургер, келнерот треба да каже: „Еден хамбургер“.
Оваа техника е наречена „пресликување“, а се базира на психолошки факт дека луѓето ги сакаат луѓето кои се однесуваат како нив.
Пресликувањето создава чувство на сличност и симпатичност кај гостите, што резултира со поголем бакшиш, пишува „Ladbible“.
Гостите така се чувствуваа сфатено и ценето, односно кога келнерот ќе ги повтори нивните зборови тоа ги поттикнува да остават поголем бакшиш при плаќањето.
Овој трик може да биде корисен не само за келнерите кои сакаат да ја зголемат својата заработка туку и за гостите кои можат да ја препознаат оваа тактика и свесно да одлучат за висината на бакшишот којшто ќе го остават на крај.