„YouTube Music“ за „Android“ конечно ја добива долгоочекуваната функција.
Со ова, корисниците ќе можат да „мумлаат“ песна за да ја најдат во апликацијата, па само треба да знаете како оди ритамот.
Сè што треба да направите е да допрете на „точката“ во горниот десен агол, а потоа да ја побарате иконата што личи на бранови.
Кога „YouTube Music“ ќе ја најде песната што ја сакате, ќе ви ја отвори заедно со насловот и насловот на албумот, како и името на изведувачот и други детали релевантни за песната.
Оваа корисна алатка ќе се појави заедно со верзијата 7.02 на апликацијата „YouTube Music“ за оперативниот систем „Android“. Засега нема информации дали ќе пристигне за „iOS“, но веројатно ќе пристигне, како и други функции кои први пристигнуваат за „роботот“.
Оваа функција, иако е корисна, не е баш нова – „Google Search“ лансираше нешто слично во 2020-та година, а редовната апликација „YouTube“ во 2023-та година. Исто така, услугата за стримингот „Deezer“ има опција „мумбл“ за наоѓање песна од 2022-ра година.