Веројатно би биле изненадени од силната врска што постои помеѓу нашите карактерни црти и физичките карактеристики. Голем дел од физичките црти ни го предодредуваат карактерот. На пример, погледнете го палецот од вашата дланка. Каква е неговата форма ?
Проверете во која група спаѓате и дознајте го вашиот карактер.
Тип A
Горната половина на палецот е поголема од вашата долна половина
Имате тенденција да постигнете многу. Имате голема желба за да се истакнете и постојано мислите на начини како да го постигнете тоа. Вие навистина сакате да успеете во животот и оваа желба понекогаш може да стане навистина интензивна. Овој тип на личност ве прави неверојатна особа.
Тип B
Долниот дел од палецот е поголем од горната половина
Вие сте многу мирна особа која секогаш е внимателна со останатите. Може да ви се верува и секогаш го остварувате тоа што сте го ветиле. Ги вреднувате малите работи во животот и можете да најдете радост во се околу вас. Не ги заборавате луѓето кои ви помогнале да успеете, а на другите им го давате признанието што го заслужуваат.
Тип C
И двете половина на палецот се со еднаква големина
Секогаш барате рамнотежа во животот. Сакате кога вашиот свет е во хармонија и лесно го наоѓате доброто во другите. Доколку наидете на неуспех во животот вие лесно ќе најдете начин да се вратите повторно на правиот пат. Вашиот живот е базиран врз основа на физичка и емоционална хармонија.
Тип D
Вашиот палец е флексибилен
Флексибилниот палец значи дека сте флексибилни и како личност. Секогаш се прилагодувате кога животот ви ги менува плановите и имате многу отворен ум. Не многу луѓе го поседуваат овој редок квалитет и затоа максимално го искористувате.
Тип E
Вашиот палец е нефлексибилен
Имате доминантна и малку твроглава личност. Кога сакате да направите нешто ќе го направите истото без оглед на се. Вие сте многу доверлива и лојална личност со извонреден карактер што сите околку вас го обожаваат.
Се пронајдовте ли?