За концептот Skopje Paws дознавме случајно преку Инстаграм, ни се допадна нивната идеја, а пребарувајки преку нивната страница ја почувствуваме и љубовта и ентузијазмот со кој ја работат оваа работа па затоа и ги побаравме. Ви ги претставуваме Skopje Paws !
Тие се брат и сестра. Таа ја дала идејата а тој ја реализирал. Тие се Антониј Ацески и Мила Ацеска и се кретори на Skopje Paws -концепт кој им помага на сите оние кои имаат кучиња ама не успеваат сами да ги прошетаат.Во нивните услуги стои ваков опис:Прошетка на територија позната за вашето милениче,индивидуална прошетка само за него, прошетка со активности, беспрекорна грижа и многу љубов..
Разговорот го правиме со Антониј додека Мила е на работна задача-во прошетка на некое слатко кутре
- „Креаторот“ на идејата всушност беше мојата сестра која воедно е и партнер во Skopje Paws, јас сум само реализаторот на идеата. Самата идеја доаѓа од запад поточно од САД, каде со години уназад овој концепт се работи и се надоградува, ние, а и Балканот општо доцни со вакви концепти, мислејќи дека нема да функционираат кај нас. Но, статистички гледано во Македонија секое второ семејство поседува барем по едно куче, што автоматски станува потенцијален корисник на услугите.
Тимот на Скопје Paws е мал ама посветен и комплетно организиран, па Антониј вели:
-Моментално тимот брои четворица покај мене и Мила тука се и Изабела и Владимир кои професионално, успешно и најбитно од се, со љубов ги извршуваат секојдневните прошетки. Работното време ни варира во зависност од сезоната, па така во летниот период кога има мерки на претпазливост поради високите температури, работното време ни е следното:
- Од 7:00 до 10:30/11:00 наутро, и од 18:00 до 22:00 навечер.
Прашавме и за ценовникот па еве го во прилог:
- - 45 минути прошетка = 300 денари;
- - 60 минути прошетка = 400 денари:
- - 90 минути прошетка = 600 денари.
Но, цените можат да варираат во однос на големината на кучето, неговата енергичност и самата локација на кучето.
Колку време постојат и што научиле за овој период?
- Почетокот на Август ќе ни биде шестиот месец од постоењето на Skopje Paws. Во овој релативно краток период научивме дека самата раса не го детерминира карактерот на кучето, секое има свој засебен карактер исто како кај луѓето, во спротивно воспитувањето, пружењето на љубов и посветеноста од страна на сопствениците го градат тој карактер.
Едно куче да стекне доверба кај некого и не е секогаш така едноставно токму за тоа во Скопје имаат час по запознавање со кучето но она што е пресудно за едно куче да ви верува е ЉУБОВТА вели Антониј
- Ние нудиме бесплатната консултација на која се запознаваме кучето и разговараме со сопственикот за неговото куче. На тоа запознавање врз база на кажаното од сопственикот вршиме првична проценка за кучето, и нормално му пристапуваме со безусловна љубов. Самата доверба кај кучињата се стекнува во првите неколку прошетки, со тоа што нашите прошетки се интересни за нив, го имаат целосното наше внимание и грижа во текот на прошетката, и повторно ќе се повторам најбитна е ЉУБОВТА кон нив. Тоа може да го забележиме секој наредниот ден кога ќе не пречекаат со скокање од радост и пофални зборови од задоволните сопственици.
Антониј вели дека во овие 6 месеци работа запознал 50 различни кучиња а во однос на тоа колку клиенти имаат во моментов вака одговара:
-Моментално имаме околу 10 кучиња кои имаат редовен термин и се шетаат секојдневно, плус кучиња кои се шетаат по потреба во договор со сопствениците, кога тие не се во можност или се на одмор. Конкретно јас шетам 4 кучиња од редовните, а останатите ги шетаат моите колеги. Лично јас во овој период сум запознал преку 50 различни кучиња.
А дали ги паметиш сите имиња на кучињата?-Да, ги паметам сите имиња на кучињата кои ги имам шетано- одговара уверено Антониј, ( Не прашавме да ни ги наброиJ)
Во однос пак на непрјатни ситации со сопственици или со кучиња Антониј одговара дека за сега не се случило нешто такво
Моравме да прашаме и дали на овој концеп гледаат како бизнис кој во иднина би се проширил на повисоки полиња
-Дефинитивно ова е вистинскиот бизнис концепт за овој реон и реално има голем потенцијал на пазарот. Имаме доста големи планови за во иднина, ќе нудиме и други услуги, а и планираме да направиме нешто поврзано со забава за милениците (не се хотели за миленици). Не откривам сега за сега ништо, ќе мора да не следите и да видите што ќе биде тоа.
И за крај дали Кучињата се подобри од луѓето?
-Дефинитивно, цврсто стојам зад тој исказ -го заклучува разговорот Антониј
А нашиот тим им посакува среќа и успех во идните планови а сите вие кои сакате да ги испробате нивните услуги еве каде да ги најдете -Facebook и Instagram како Skopje Paws, или на телефонскиот број 077 805 229.