
Втори јануари се враќа како неработен ден за јавната администрација, со препорака тоа да го направи и приватниот сектор - оваа одлука се донесе неочекувано синоќа на владина седница.
Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука.
До 2006 како официјални празници се водеа 2 јануари и 2 мај како екстра-денови за славење на Нова Година и Денот на трудот.
Граѓаните колективно се уште ги паметат овие два празници.
Во соопштението на владата, по денешната седница, нема образложение за ваквата одлука.