На интернет се појави единствена можност за оние кои сакаат да ги спојат историјата и природата. Во малото италијанско село Цитадукале во понуда има стар замок кој е целосно реновиран, по цена од само 43.000 евра.
На две нивоа, овој дом нуди совршен спој на удобност и автентична архитектура. На првиот кат има кујна со дневна соба, каде што има камин на дрва, идеален за студените вечери со крцкање на огнот. На вториот кат, пространа спална соба овозможува тивко катче, додека ходникот и модерната бања ја комплетираат функционалноста.
За само неколку минути возење можете да уживате во природната убавина на езерото Патерно, езерото Салто и термалните извори Терме ди Котилија, познати по нивните релаксирачки лековити води. На прв поглед, овој замок нуди се што би можеле да посакаат љубителите на природата и мирното село, а цената од 43.000 евра звучи премногу добро за да биде вистинита.
Затоа, еден од коментарите под објавата гласи:
– Како Италијанец, можам да кажам дека има причина зошто цената е толку ниска… Би рекол дека е во земјотресно подрачје или некое изгубено село во планините што сите го напуштиле поради земјотресот.
И корисникот беше во право. Зад оваа екстремно ниска цена стои тажната реалност, оваа област е дел од централна Италија позната по ризикот од земјотреси. Историски гледано, блиските градови како Риети и Цитадукеле постојано биле погодени од сеизмичка активност, бидејќи се наоѓаат блиску до раседите во планинскиот венец на Апенините.