Објавувањето фотографии од атмосферата во канцеларијата на социјалните мрежи веќе не е доволно. Но, што е тоа што ги интересира вашите потенцијални кандидати?
Budget_v1, Budget_v2, Budget_final, Budget_final2, ... дали и вам вака ви изгледа овој период од годината?
Имајќи ги предвид предизвиците на флуктуацијата и привлекувањето добри (квалитетни) вработени, дали вашите буџетски ставки предвидовте и буџет за Employer branding? За да работите поефикасно на вашето брендирање како работодавач, треба да знаете кон што и кон каква содржина треба да се насочите.
Објавувањето фотографии од атмосферата во канцеларијата на социјалните мрежи веќе не е доволно. Но, што е тоа што ги интересира вашите потенцијални кандидати? Дали им е поважна платата или технологијата? Дали им е поважна сигурноста на работата или добрите меѓучовечки односи?
Во какви компании сакаат да работат и дали воопшто сте во конкуренција со најпосакуваниот работодавач за нив?
Најдете ги одговорите на овие и на сите други прашања во извештаите од Најпопуларен работодавач!
Закупете извештај
Ако ги знаете одговорите на овие прашања, дали го знаете одговорот и на прашањето што мисли јавноста за вас како работодавач? Или уште подобро: Што мислат вашите постоечки вработени за вас како работодавач?
За да биде успешен, добриот employer branding мора да биде автентичeн - ова значи дека информациите за работата во вашата компанија што ги објавувате во јавноста мора да одговараат на мислењето на вашите вработени.
Откријте дали перцепцијата на јавноста се совпаѓа со мислењето на вашите вработени со Employer brand awareness истражувањето!