Општо познато е дека често купуваме работи што не ни требаат. И во повеќето случаи, жените се во првите редови на ваквата навика.
Додека купувате еден, два, три пати, работи кои не ви се потребни вашиот паричник е веќе празен, а плата дури за половина месец. Или уште полошо, купувате нешто, а потоа ви стои на полица и на крајот никогаш не го користите.
Ако го имате овој проблем, овие четири совети можат да ви помогнат да ја напуштите навиката за постојан и непотребен шопинг:
1. Пронајдете хоби
Ако купувањето е форма на забава за вас, време е да пронајдете друга. Пронајдете хоби или гледајте се со пријатели. Исто така, книга или филм е секогаш добро решение.
2. Купувајте со намера
Пред да одите на шопинг, направете список со најважните работи и држете се до таа листа. Прескокнете работи што се на распродажба или со попуст. Значи, трошете ги парите на нешто што навистина ви треба.
3. Ви се допаѓа и погодно е, но почекајте!
Наидовте на нешто што ви се допаѓа, па дури е и со попуст. Супер! Но, почекајте малку. Експертите ве советуваат да почекате 24 часа. Ако се уште го сакате следниот ден, тогаш купете го.
4. Користете го она што го имате
Наместо да купувате еден куп храна, прво погледнете што ви останало. Можеби има уште неколку квалитетни оброци во вашиот фрижидер, без воопшто да бидете свесни за тоа.