Источниот или ориенталниот стршен е идентификуван како единственото животно кое не може да се опијани од алкохол.
Стршните природно консумираат етанол како дел од исхраната, која вклучува нектар и овошје. Иако веќе знаеме дека ги привлекува алкохолот создаден од човекот, нивната врска со природните опијати е непозната.
Истражувачи од Универзитетот во Тел Авив во Израел ги користеле овие стршни како модели за да го тестираат влијанието на етанолот врз стршните. Откако ги нахраниле инсектите со сахарозен раствор со концентрации на етанол кои достигнувале висина и од 80 проценти, истражувачите не забележале никакви негативни влијанија врз должината на животот или однесувањето на стршните, вклучително и врз нивната способност да градат гнезда.
Обележувањето на алкохолот со јаглероден изотоп му овозможило на тимот да ги мапира промените на соединението како што тоа се преработувало во телата на стршните.
- Како што алкохолот се метаболизира, тој се разложува во јаглерод диоксид, кој се издишува. Преку мерење на количината на обележан емитиран јаглероден диоксид, можевме да ја процениме брзината со која се разложил алкохолот - вели зоологот Софија Бучебти.
Метаболизмот на стршните се справил со алкохолот двојно побрзо, разложувајќи го пред да може да предизвика тие да покажат некакви знаци на „пијанство“.
Еден инсект има изненадувачки висока толеранција на алкохол
Zanimljivosti
-
Њујорк воведува такса за возење низ Менхетн
Американското Министерство за транспорт го одобри планот на државата Њујорк на возачите да им наплаќа по 9 долари дневно за возење низ делови на Менхетн.
-
Која e најстарата шума на планетата со дрвја стари дури 386 милиони години?
Планините Кетскил, лоцирани на југоисток од американската држава Њујорк, на околу шеесет километри од главниот град Албани, се неисцрпен извор на информации за античкото минато на планета Земја. Тоа го покажало едно од поновите откритија направени во тој регион.
-
НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто
Алис Марфи e 31 годишна новинарка, која досега посетила 50 од 195 моментално признати земји во светот. Таа признава дека видела неверојатни места, од Узбекистан до Австралија, пишува Метро.
-
Зошто после јадењето никогаш не треба да се туширате со топла вода?
Иако може да изгледа како пријатен начин за опуштање, туширањето со топол туш веднаш по оброкот може негативно да влијае на природниот дигестивен процес на вашето тело.
-
Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста
Италијанскиот уметник кој ја создаде бананата залепена со селотејп на ѕидот што беше продадена оваа недела за 6,2 милиони долари, во интервју рече дека делото е „провокација“ и покана да се цени вистинската вредност на уметноста.
-
Биткоинот руши рекорди, колку е богат неговиот креатор?
Биткоинот ги урива сите рекорди, во секој момент се очекува да ја премине границата од 100.000 долари, а целиот крипто пазар порасна за неверојатни 90 проценти оваа година, покажуваат податоците на CoinGeck.