Иновативните HR практики имаат моќ да го трансформираат бизнисот и да ја подобрат работната атмосфера. Успешните стратегии не само што го зголемуваат задоволството на вработените, туку ја зголемуваат и продуктивноста, го подобруваат задржувањето на талентираните кадри и ги прават организациите поотпорни и поконкурентни, подготвени да се соочат со идните предизвици.
Еден од најпрестижните начини да се препознаат и прослават извонредните практики за човечки ресурси е наградата за најдобри практики за човечки ресурси.
Оваа награда, која претставува врвно признание за компаниите и поединците во областа на управувањето со човечките ресурси, беше воведена во 2010 година од страна на Alma Career Croatia, која управува со водечкиот хрватски портал за вработување MojPosao. Од тогаш, оваа иницијатива постојано инспирира многумина да ги подигнат стандардите во HR секторот.
Стручната жири-комисија составена од врвни професионалци од HR секторот, досега има оценето повеќе од 320 пријавени проекти. Од 2022 година, наградата се прошири и во регионот, отворајќи можност за пријави од Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Овој чекор не само што ја зголемува конкуренцијата, туку и разновидноста на идеите кои ја обликуваат иднината на човечките ресурси.
Важно е да се напомене дека проектите се оценуваат според јасно дефинирани критериуми, со што се обезбедува транспарентност и правичност при изборот. Дополнително, над 600 учесници на конференцијата „HR Days“ активно учествуваат во изборот на најдобрите практики!
А кои беа најдобрите HR практики пред точно 10 години, дали тие сè уште „живеат“ денес во сè позафатено деловно опкружување и што можеме да научиме од нив, ви презентираме во овој краток преглед.
Поврзување со младите и заедницата
Пред извесно време во 2014 година третото место го освои практиката на компанијата ИНА, со проектот 'On-line натпревар за средношколци - Junior Freshhh'.
Оваа иновативна програма беше создадена како одговор на незаинтересираноста кај младите за природните науки и специфичните инженерски професии. Натпреварот се одржуваше во два круга: првиот круг нуди виртуелна игра што ги води тимовите низ природните научни предизвици, додека вториот круг носи битка во живо на најдобрите пет тимови. Со дури 294 пријавени тимови во првата година, ИНА успешно го поттикна интересот на младите и го зацврсти статусот на атрактивен работодавач.
Доколку сте во процес на воведување на HR практика која го поттикнува деловниот развој и го подобрува задоволството на вработените, не ја пропуштајте можноста да се пријавите за Најдобрите регионални HR практики! Споделете ги вашите успешни стратегии и инспирирајте ги другите, но и освојте престижно признание.
Развој на вработените на три нивоа
Второто место пред 10 години го освои практиката „Fast Forward“ на компанијата Coca-Cola HBC Croatia. Програмата беше насочена кон развој на вработените, особено на оние кои се препознаени како талентирани а имаше за цел зајакнување на работниот ангажман и задржување на висококвалитетни вработени.
Нина Профаца, Менаџер за развој на таленти во компанијата, ни потврди колку е можно да се одржи добрата практика за човечки ресурси од пред точно десет години, но и дополнително да се развива.
„Сè уште ги имаме Fast Forward програмите! Се спроведуваат на три нивоа: FFW1 која ги подготвува нашите вработени за управување со тим, FFW2 која ги подготвува за сениор менаџерски позиции и FFW3 за директорски позиции. Секоја година имаме вработени во сите програми и се трудиме да ги одржиме релевантни (на пример, моментално работиме на редизајн за дополнителна модернизација). Најважно за нас во следењето на успехот на нашите програми за таленти е процентот на вработени кои беа унапредени по програмата – и морам да кажам дека сме доста успешни. На пример, вкупниот „promotaility“ ни е околу 50%, а за FFW2 најуспешен, над 75%.“
Преку интерна програма за усовршување до помала флуктуација и зголемена продуктивност
Титулата за најдобра HR практика во 2014 година ја понесе компанијата BILLA со проектот „B BEST“, чии главни цели беа развивање на културата на менаџмент во продажбата, зголемување на продуктивноста во супермаркетите и и намалување на флуктуацијата во секторот за продажба. Клучната точка беше обезбедување на извонредна можност – прием на четири кандидати во програмата, кои по нејзино завршување ќе преземат менаџерски позиции во супермаркетите.
Програмата директно придонесе за подобрување на резултатите во супермаркетите, позитивно влијаејќи на голем број вработени. Покрај тоа, придонесе за подобра интерна комуникација, поголема мотивираност и ангажираност на кандидатите и менторите, како и зголемување на интересот за учество во програмата и преземање на раководни позиции во продажба. Конечно, програмата го зголеми задоволството на вработените и ја зајакна перцепцијата и позицијата на човечките ресурси како деловен и стручен партнер.
Што можеме да научиме од ТОП 3 HR практики пред 10 години?
- Препознавање на предизвиците со кои се соочува компанијата е првиот чекор кон развој на успешна HR практика
- Неопходно е вклучување на што поголем број вработени и јасна интерна комуникација
- Поставувањето на јасни цели го олеснува следењето на успешноста на проектот
- Воведувањето на HR практики позитивно влијае на позицијата на HR одделот во рамките на компанијата
- Практиките можат да се надградуваат и развиваат во согласност со тековните потреби на компанијата
Овие практики покажаа дека успешните човечки ресурси не се статични- тие се развиваат, се прилагодуваат и инспирираат нови генерации!