За 10 отсто се зголемила просечната плата во септември во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика пресмета дека вработените во просек земаат по 41.585 денари плата или 3.700 денари повеќе од септември 2023та.
Сепак, овие плати не се доволни за да се покријат минималните месечни трошоци. Ако синдикаланата кошница во септември лани била нешто над 48,000 денари, овој септември таа е зголемена за скоро 13,000 денари и истата надминува 61 илјада. Додека трошоците за живот од месец за месец растат, најголем дел од вработените земаат плати далеку под просекот, велат од Синдикатот. Затоа бараат итно зголемување на платите
- Ние имаме се уште техничари и инженери кои земаат многу под просечна палта, а просечната не е медијална плата која е реална во државата и која ја земаат најголем дел од вработените. Затоа треба еднаш за секогаш да се направи пресек, да се види колкави се навистина платите во приватниот сектор, изјави Иван Пешевски, ССМ.
Инаку според статистиката, најплатени работници се програмерите. Нивните месечни примања надминуваат 1.500 евра. Следни, со околу 60 илјади плата се вработените во воздухоловството, фармацијата, финансиите и научно истражувачките дејности. Најниски плати, под 30,000 денари им се исплаќаат на работниците во производството на кожа и текстил.