На саемот „Open Balkan Wine Vision“ беа доделени наградите „Open Balkan Wine Trophy 2024“.
На вториот ден од најголемиот саем на вино во регионот беа објавени одлуките на жирито кое годинава беше составено од 25 еминентни меѓународни вински судии, меѓу кои беа и шестмина носители на најпрестижната титула во светот на виното, мајстор на виното. Тие имаа голема задача да доделат награди за вината што пристигнаа од земјите-членки на иницијативата „Отворен Балкан“, Србија, Северна Македонија и Албанија.
Освен трофејот за најдобри вина од околу 1.000 што жирито ги оценуваше во текот на два дена, беа доделени и платинести, златни, сребрени и бронзени медали, а целата листа на победници по категории може да ја погледнете на овој линк.
Националниот трофеј од Македонија, го доби винаријата Тиквеш, односно виното BELA VODA RED од бербата 2021 година.