Јуни, јули и август лани имало најмногу метеж на граничниот премин Табановце, покажуваат податоците на МВР. Тогаш влегле и излегле најмногу странски државјани, додека во јануари, мај, октомври и декември влегле и излегле најмногу македонски државјани, соопштија од МВР за МИА.
Повеќе странски државјани излегле во април 128. 035, отколку што влегле 99.691, истовремено и повеќе македонски државјани излегле од државата 107.021, отколку што влегле 93.465.
Летните месеци имало најмногу метеж на преминот, јуни кога почнува туристичката сезона влегле и излегле 359.058 странски и 158.920 македонски државјани. Во јули влегле и излегле незначително помалку странски државјани вкупно, 349.205 и 171.446 македонски државјани. Во август влегле 159.538 странски, а излегле 85.274 државјани, влегле 60.901, македонски, излегле 113.457 државјани. Веќе во септември се намалил метежот, влегле и излегле 296.966 странски и 160.854 македонски државјани. Октомври и ноември имало помал број поминувања, во десетиот месец влегле и излегле 243.485, странски и 201.136 македонски државјани, додека ноември вкупно поминале 176.159 странски и 176.418 македонски државјани.
Празнично во декември повторно имало метеж на ГП Табановце кој е најфреквентен премин во земјава, влегле 126.031 и излегле 88.935 странски државјани. Минатиот месец влегле дури 150.276 македонски, а излегле 98.631 државјани.
Ивор: nezavisen.mk