Според истражувањето на Deutsche Bank од 2023 година, лицата на возраст од 16 до 24 години во Германија имале во просек 1.400 евра на тековна сметка, додека лицата на возраст од 25 до 34 години веќе имале 2.200 евра.
Состојбата на сметката за лицата од 35 до 44 години изнесувала 2.600 евра, а за лицата од 45 до 54 години 3.300 евра, пишуваат германските медиуми.
Кај групата од 55 до 64 години, салдото изнесувало 3.100 евра, а кај постарите од 75 години – 4.200 евра, пренесува списанието Fenix. Меѓутоа, ова се само просечни вредности.
Утврдените просечни вредности не даваат информации за имотот на поединецот, бидејќи многумина имаат само средства на тековната сметка за итни случаи, додека дополнителната заштеда ја чуваат на орочена или штедна сметка. Други ја вложуваат својата заштеда во акции или друга сопственост.
И токму во тоа е поентата зошто на тековната сметка може да има „премногу“ пари. Парите на тековната сметка не носат дополнителен профит.