
Чекањето багаж на аеродром често е досаден и напнат дел од патувањето. Стравуваме дали нашиот куфер ќе пристигне, дали ќе биде оштетен, или уште полошо – дали некој друг по грешка ќе го земе. Ова особено важи ако вашиот багаж е во една од најчестите бои – црна, сива или тегет.
Една од најголемите европски авиокомпании, Ryanair, ги предупреди своите патници дека треба да направат нивниот багаж полесно препознатлив. Во нивното соопштение се вели дека 99,9% од куферите се во некоја од овие три бои, што ја зголемува можноста за грешки при преземањето.
Како да го направите куферот повпечатлив?
Авиокомпанијата советува патниците да додадат светла лента, налепница или некој друг забележлив детаљ за да спречат непотребни непријатности.
Дополнително, аеродромски службеник во Даблин укажува на уште еден важен детал – старите налепници на куферите треба да се отстранат. Според него, овие налепници можат да создадат забуна при автоматското скенирање на багажот, што може да доведе до доцнење или погрешно испраќање на куферот.
Најдобриот начин да избегнете проблеми
Ако сакате целосно да го решите овој проблем, најдобро е да изберете куфер во поразлична боја, како црвена, жолта или зелена. Но, ако веќе имате црн, тегет или сив куфер, тогаш едноставно обележете го со некој впечатлив детаљ – тоа ќе ви заштеди време и нерви на аеродромот.
Извор: racin.mk