
Одлуката за генералниот штрајк следи откако работниците на 21 февруари одржаа едночасов штрајк за предупредување. Тогаш вработените кратко ја прекинаа работата од 12 до 13 часот за да го свртат вниманието на проблемите со кои се соочуваат, вклучувајќи ги ниските плати и лошите работни услови.
Во петок на 14 март, на Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ќе се одржи генералниот штрајк на работниците од компанијата Белград Аеропорт. Штрајкот ќе трае 24 часа, а за време на прекинатата работа ќе се почитува процесот на минимум работа, со цел да се обезбеди основната оперативност на аеродромот.
Одлуката за генералниот штрајк следи откако работниците на 21 февруари одржаа едночасов штрајк за предупредување. Тогаш вработените кратко ја прекинаа работата од 12 до 13 часот за да го свртат вниманието на проблемите со кои се соочуваат, вклучувајќи ги ниските плати и лошите работни услови. Причината за штрајкот е тешкиот материјален статус на вработените и обврската за минимум процес на работа која беше донесена без почитување на мислењето на синдикатите. Синдикатот „Заедно“ потоа најави дека доколку не се постигне договор со менаџментот, ќе организираат целосен прекин на работата.
Работниците во компанијата Белград Аеропорт, која управува со аеродромот, се одлучија на овој чекор поради, како што велат, незадоволството од работните услови, висината на платите и неисполнините ветувања од работодавачот. Синдикатите неколку пати предупредија дека состојбата во компанијата е неодржлива, но до сега не е постигнат договор со управата.
Меѓу главните барања на работниците се зголемување на платите во согласност со растот на трошоците за живот, како и подобрување на работните услови.
За време на штрајкот ќе биде обезбеден минимум работа, што значи дека дел од операциите ќе бидат функционални, но се очекуваат задоцнувања на летовите, можни откажувања на одредени полетувања и подолги чекања при пријавување за лет и преземање на багажот.
До сега управата на Белград Аеропорт не се огласила официјално по повод најавениот штрајк. Сепак, според информации од Aero.rs, утре, вторник 11 март, претставниците на синдикатот ќе се сретнат со менаџментот на компанијата во обид да се најде компромисно решение пред 14 март.
Ако барањата на вработените не се исполнат, синдикатите не ја исклучуваат можноста за понатамошни радикални мерки, вклучувајќи повторно прекинување на работата во иднина.
„Со оглед на тоа што платите не беа зголемени во периодот на коронавирусот, дојде до диспропорција на платите на аеродромот во однос на платите во градот Белград. Последниве години работодавачот некако го ублажи тој јаз преку бонуси, но со укинување на тие бонуси, последниот беше укинат на крајот на минатата година, вработените се доведени во никогаш полоша материјална ситуација“ – велат во Синдикатот Заедно.
Ова е прв генерални штрајк на Аеродромот „Никола Тесла“ откако управата беше преземена од компанијата Винци Аеропорти, што дополнително го нагласува сериозноста на ситуацијата и незадоволството на вработените.