
Клаус-Мајкл Кине е најбогатиот Германец и има богатство моментално проценето на околу 42,5 милијарди долари.
На врвот на листата на најбогати Германци тој се менува со Дитер Шварц, кој е две години помлад од него, основачот и сопственик на Лидл. Кине е роден во Хамбург, додека Шварц е со германско потекло од Хајлброн, каде живее и денес.
И двајцата се таинствени луѓе. Сепак, за Шварц тоа се однесува на неговиот приватен живот. Медиумите го нарекуваат „невидливиот милијардер“: никој никогаш не го интервјуирал, го нема на ниту едно видео, а има само неколку фотографии.
Клаус-Мајкл Кине е поинаков тип. Од 1975 година живее во Швајцарија. Тој не сака да плаќа данок во Германија, но со задоволство се претставува како покровител и добродетел – донирал милиони во родниот Хамбург за изградба на Елбфилхармонијата, како и на неговиот омилен фудбалски клуб ХСВ.
Го основал Kühne Logistics University и изградил луксузен хотел. Последниве месеци многу е во медиумите затоа што сака да му подари на Хамбург нова оперска куќа: како што вели – што и да чини, чини.
Кине е единствениот наследник и мнозински сопственик на логистичкиот гигант (Kühne+Nagel). Тој, исто така, поседува 30 отсто од акциите во бродската компанија Hapag-Lloyd и, од 2022 година, е најголемиот поединечен акционер на Луфтханза. Покрај тоа, има удели и во компаниите Flixbus и Flixtrain.