Најголемо количество бензин со својата просечна плата во Европа може да купат граѓаните на Луксембург, за разлика од земјите од Источна Европа, кадешто иако бензинот е значително поевтин, но сепак не можат да се носат со стандардот што го има западот.
Цената на бензинот во Русија е меѓу најниските во Европа, но граѓаните на земјата се тек на 20 место во Европа, според количината на гориво што може да го купат со својата просечна плата.
Прворангирана земја на оваа листа е Луксембург, а последната е Украина, според анализата која вклучува 33 европски земји и Казахстан, а споредбата се прави со цената на 95-отканскиот бензин.
Најниска цена на бензинот има во Казахстан, 25.30 денари за литар, а втората е Русија (36.50 денари за литар). Потоа доаѓаат земји како Белорусија (38.15 денари) и Украина (58.90 денари). Оваа низа продолжува со другите земји од Источна Европа.
Бензинот е најскап во Холандија
Од друга страна, најскапиот бензин е во Холандија (96.20 денари), по што следуваат Норвешка, Данска, Италија и Грција. Во сите овие земји литар бензин е поскап од 90 денари.
Кога станува збор за дизел, Казахстан е најевтината земја (38.15 денари), по што следат Русија и Белорусија со малку повисока цена. Најскапиот дизел се продава во Норвешка (93.70 денари за литар), а меѓу поскапите земји се вбројуваат Шведска, Велика Британија, Италија, Франција и Финска, каде што цената за еден литар дизел надминува 85 денари.
Западна Европа – илјадници литри со една плата; Источна Европа – неколку стотици литри
На прво место според количината на бензин што може дасе купи со една просечна плата е Луксембург – повеќе од 3 илјади литри.
Втора е Норвешка со 2.300 литри, а следат Австрија, Велика Британија, Шведска и Данска. Во сите овие земји, со една просечна плата може да се купат над 1.900 литри бензин. Русија е на 20. место – веднаш после Естонија и Португалија – Русите со една просечна плата можат да купат 826 литри 95 октански бензин.
Последното место и припаѓа на Украина каде што со една просечна плата може да се купат само 247 литри, односно 12 пати помалку од Луксембург.
Помеѓу “аутсајдерите“ се наоѓаат и Романија, Бугарија, Латвија и Белорусија.
А како е во Македонија?
Во Македонија, цената за литар 95 октански бензин изнесува 62 денари. Ако се земе предвид просечната нето плата во Македонија која изнесува 24.548 денари, за овој износ може да се купат 396 литри бензин.