FaceApp е една од најпопуларните апликации во моментов која им овозможува на корисниците iOS и Android да дознаат како ќе изгледаат со поинаква насмевка, кога ќе остарат, помлади или доколку го променат полот.
Но, освен нејзината популарност, на интернет се рашири и вознемиреност околу приватноста на фотографиите кои се поставуваат на серверот на компанијата која стои позади FaceApp.
Имено, за да ја користите апликацијата, потребно е да дадете согласност дека вашата фотографија ќе биде прикачена на серверите и ќе стане сопственост на FaceApp.
По силниот притисок од јавноста, компанијата објави соопштение во кое е наведено дека најголемиот дел од фотографиите автоматски се бришат од серверот на FaceApp во временски период од 48 часа по нивното прикачување. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:
Во последните неколку денови добиваме многу прашања во врска со нашата политика за приватност и затоа сакаме да нагласиме неколку точки кои ја објаснуваат основата:
- FaceApp најголемиот дел од фотографиите ги процесира преку cloud платформата. Ние само ја препраќаме прикачената слика од корисникот за да се уреди. Во ниту еден случај не сме префрлиле други слики од телефонот на корисникот.
- Можеме да ја зачуваме прикачената слика на could. Главната причина за тоа е перформансот и сообраќајот: Ние сакаме да бидеме сигурни дека корисникот не ја испраќа истата слика постојано на уредување. Повеќето слики се бришат од нашите сервери во рок од 48 часа од датумот на прикачување.
- Ги прифаќаме барањата од корисниците за отстранување на сите нивни податоци од нашите сервери. Нашиот тим за корисничка поддршка во моментов е преоптоварен, но овие барања имаат приоритет. За најбрза обработка, препорачуваме барањата да се испраќаат од FaceApp мобилната апликација користејќи “Settings -> Support -> Report a bug“ со наслов на пораката “Privacy“.
- Сите функции на FaceApp се достапни без најавување, па како резултат на тоа дури 99% од корисниците не се најавуваат. Затоа, ние немаме пристап до било какви информации со кои би можеле да ги идентификуваме корисниците.
- Ние не продаваме и не споделуваме никакви кориснички податоци со трети лица.
- Иако главниот тим за истражување и развој се наоѓа во Русија, податоците на корисниците не се пренесуваат во земјата.