Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Ве очекува период во кој доста нешта нема да одат според планираното. Воопшто нема да имате олеснување од ниедна страна.
ЉУБОВ: За слободните е можно ново познанство, но без големи чекори.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со вкочанетост.
Бик (21.04 – 21.05
РАБОТА: Неделава нема да биде претерано поволна за финансиите, па на овој план не очекувајте премногу.
ЉУБОВ: Во љубовта ви следи некоја тајна врска или комуникација.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен урогенитален тракт.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Можни се мали препреки во комуникацијата и односот со соработниците.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе прејде од едноставна во комплицирана, ќе имате некоја непријатност.
ЗДРАВЈЕ: Можна настинка.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Генерално нема да бидете претерано оптеретени со работата, ви следи поволна фаза во која се брзо и лесно ќе завршувате.
ЉУБОВ: На ова поле не ве очекуваат некои големи или важни промени, ниту пак позначајни новости.
ЗДРАВЈЕ: Имунитетот ви е ослабен.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Пред вас е поволен период во кој нема да имате речиси воопшто работа. Не ве очекуваат голем број на обврски, па ќе можете да уживате малку.
ЉУБОВ: Ако сте слободни пред вас е ново познанство, ако сте во брак ќе размислувате за деца.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителни синуси.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Ако сте во потрага по дополнителна работа и хонорар оваа недела ќе биде поволна за тоа.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта имате дилема, ќе ви биде потребен совет од пријател.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со желудникот, но и градниот кош.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Можеби ќе ви се чини дека ќе немате многу работа, но ќе се излажете, затоа најдобро е што побрзо да се сконцентрирате подобро.
ЉУБОВ: На ова поле можни се мали кочници и препреки во комуникацијата со саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за проблемите поврзани со дишните патишта.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Иако ќе ви пристигне очекуваната заработка нема да бидете сосема задоволни бидејќи ќе имате и одредени трошоци.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, сигурноста која ја барате некако упорно ви бега.
ЗДРАВЈЕ: Можни хронични проблеми и тешкотии кои веќе сте ги имале.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Вашата нервоза и недостатокот на фокус на работа ви носат проблеми и мала непријатност.
ЉУБОВ: Нема да можете да ги покажете емоциите на вистинскиот начин, партнерот тоа ќе го онерасположи.
ЗДРАВЈЕ: Можна температура, главоболка.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Наскоро поминува негативната фаза, па конечно ќе имате шанса да смените некои рбаоти на ова поле.
ЉУБОВ: На полето за љубов имате големи ограничувања, нема да бидете задоволни во оваа фаза.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми поради зголемено ниво на стрес.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Не сте баш подготвени за донесување на точни деловни одлуки, немојте да очекувате премногу.
ЉУБОВ: На ова поле слободните ќе остварат убав однос со една помлада личност.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми поврзани за омалаксаност, низок притисок и сл.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Имате потреба некои работи да ги решите на брзина но ќе дојде до одложување на кое не можете да влијаете.
ЉУБОВ: Љубовната ситуација е напната но оваа недела ќе успеете да решите поголем дел од проблемите.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот, коските, зглобовите, нозете….