Властите на италијанскиот регион Молисе даваат по 25.000 евра за секој кој ќе дојде да работи и живее во оваа област на Италија.
Станува збор за регион кој се наоѓа помеѓу Апенините и Јадранското Море, а е најпознат по своите национални паркови.
Но, и покрај преубавото опкружување, неговата популација драстично опаѓа. Од 2014 година бројот на жители се намалил за 9.000, а во девет града што се наоѓаат во областа минатата година не се родило ниту едно дете.
Градоначалникот на општината, Донато Тома, објави дека секое село со помалку од 2.000 жители ќе дава по 700 евра месечно во период од три години за сите што ќе се преселат и ќе живеат во оваа област и ќе почнат некој бизнис или компанија.
Може да работат што било, да отворат пекарница, продавница за канцелариски прибор, ресторан… Тоа е начин да му вдахнеме живот на нашиот град, а со тоа и да ја зголемиме популацијата, изјави Донато Тома.
Освен тоа, тој вети дека секој град ќе добива по 10.000 евра месечно за подобрување на инфраструктурата и културните понуди.
Не станува збор само за зголемување на населението. Луѓето мора да имаат и инфраструктура и причина да останат, инаку за неколку години повторно ќе се најдеме во истата ситуација, додава тој.