Групацијата “Џејми Оливер“ објави планови за отворање на 21 нов ресторан до крајот на 2020 година!
Познатиот британски готвач Џејми Оливер ќе отвори неколку нови ресторани низ целиот свет само шест месеци откако банкротираше. Тогаш тој одлучи да ги затвори сите ресторани во Британија по што околу 1.000 луѓе останаа без работа.
Меѓутоа, неговите ресторани ширум светот продолжија да работат.
Во моментов, групацијата “Џејми Оливер“ објави планови за отворање на 21 нов ресторан до крајот на 2020 година.
Од нив, најмалку два ќе бидат од новиот тип за “опуштен ручек“ и ќе го носат името Jamie Oliver Kitchen. Тие се очекува да бидат отворени во Бали и Бангкок до крајот на ноември.
Инаку, под групацијата Џејми Оливер во моментов работат 70 ресторани во 27 земји ширум светот.