Резидентите на едно мало село на северот на Англија по четврти пат годинава се изненадени од мистериозната појава на коверти со банкноти на нивните улици.
Станува збор за селото Блекхал Колери кое се наоѓа во округот Дурхам и има нешто помалку од 5.000 жители.
Парите, оставени на начин сите да може да ги забележат, биле во коверти од по 20 фунти, а нивната вкупна вредност била 2.000 фунти.
Како што пренесува CNN, мистериозните банкноти се затекнати во Блекхал Колери дури 12 пати од 2014 година.
Детективот Џон Форстер изјавил дека ова се случува четврти пат годинава, а полицијата не може да го открие сторителот и покрај тоа што презела низа активности како испрашување на локалните жители и организации и земање на отпечатоци од банкнотите.
Интересно е тоа што локалното население своеволно ги предало партите во полиција со цел да се разреши мистеријата.