Аристократските семејни замоци некогаш се пренесувале од генерација на генерација, но современите сопственици се почесто ги продаваат своите наследени имоти
Во Франција дури 1.500 замоци би можеле да се најдат на продажба бидејќи сопствениците повеќе не се во можност да се грижат за нив, велат експертите и специјализираните трговци за недвижности.
Како што пренесува Фигаро, некогаш аристократските замоци се пренесувале од генерација на генерација, за денес модерните сопственици се почесто и побрзо да ги продаваат своите имоти, а како што појаснува претседателот на Здружението на сопственици на замоци, Оливие де Лоргерил, периодот на сопственост во просек се намалил на осум години.
Сепак, потенцијалните купувачи исто така би можеле да бидат обесхрабрени од високата цена за одржување на замоците и се очекува нивната продажба во иднина да оди се потешко и потешко.