НАСА распиша конкурс за нови астронаути бидејќи планира повторно да испрати луѓе на Месечината.
Летот во вселената за многумина возрасни луѓе и деца во светот претставува неостварен сон, а конкурсот што е распишан важи токму за луѓе од целиот свет.
На Месечината повеќе од половина век не стапнал човек, но НАСА се надева дека тоа набрзо ќе се промени. Во својот екипаж агенцијата за вселенски летови планира да има и жена, а летот е планиран за 2024 година.
Конкурсот е отворен до 30 март, а од НАСА се надеваат дека со негова помош ќе најдат погодни кандидати кои би биле одлични астронаути.
Досега за астронаути се избираа исклучиво Американци, а од 1960 година, кога беше распишан првиот таков конкурс, НАСА избра 350 кандидати за обука, за денес да има вкупно 48 астронаути кои ја сочинуваат вселенската единица.
Правилото кандидатите да бидат Американци се уште важи, но сега може да аплицираат и такви со двојно државјанство.