Британски Би-Би-Си направи список на необични правила што властите на земјите погодени од Ковид-19 ги поставија за да го заштитат своето население.
На првото место се најде Панама која ги разледи мажите и жените. Имено, тие можат да ги напуштаат своите домови на два часа, но во различни денови, а целосната забрана важи само во недела.
Потоа е Колумбија, земја која во неколку градови на луѓето им дозволи да ги напуштат своите домови врз основа на последниот број во личната карта. На пример, ако последниот број во личната карта ви е 0, 7 или 4, дозволено ви е да излегувате од дома во понеделник, а на другите со 1, 5 или 8 во вторник.
Овој список немаше да биде целосен без Белорусија во која се уште се одржуваат спортски настани и покрај тоа што коронавирусот во земјата зема залет.
Од соседството, на списокот се најде Србија поради одлуката на сопствениците на миленичиња да им се даде еден час кога ќе можат да ги шетаат за време на полициски час.
Опуштеноста на Шведска која за време на пандемијата не ги затвори своите ресторани, пабови и други угостителски објекти и овозможи на земјата да се најде на листата.
Малезија стана позната по објавените насоки за тоа како жените за време на карантинот треба да се однесуваат дома.
Државата Туркменистан ја забрани употребата на зборот “коронавирус”.
Во Австрија, и покрај препораката на Светската здравствена организација, здравите луѓе да не носат заштитни маски, властите го направија токму спротивното налагајќи им на вработените во супермаркетите и продавниците задолжително да носат маски.