Во вторник (7 април) на небото ќе светне розовата супермесечина, најголемата и најсветлата месечина во годината.
Иако таа носи име розова, сепак она што ќе го видиме на небото е полна месечина со златни нијанси. Името розова, доаѓа од цветањето на цветови со оваа боја во текот на пролетта.
Супермесечината е всушност полна месечина која се појавува во миговите кога Месечината е најблиску до земјата, а притоа таа изгледа посветла и поголема од вообичаената полна месечина.
Што велат астролозите за ваквата супермесечина?
Аспектот на Марс во квадрат со Уран кој делува на полната месечина би можел да донесе бунтовно и агресивно однесување кај луѓето. Јупитер во конјукција со Плутон ги зголемува ризиците, но позитивниот аспект на Меркур дава разбирање и здрав разум. Во овој период, формулата за среќа лежи во мудро промислените одлуки и подготвеноста за соработка со пријателите и соседите.
Извор: Сител