Пред неколку дена, три големи мобилни оператори во Кина одржаа онлајн прес-конференција, за заеднички да ја објават функцијата “5G пораки”.
Како што неведува веб страницата Gizchina, 5G пораките ќе бидат надградба на постојните СМС пораки.
За “обичните” корисници, 5G пораките значат отстранување на ограничувањето на должината на пораката, како што во моментов е случај со СМС пораката.
Исто така, ќе бидат поддржани голем број на различни формати, вклучително и текст, слики, аудио, видео, емотикони и контакти. Покрај тоа, ќе бидат поддржани и онлајн и офлајн пораките.
Сè уште не се знае многу, но сигурно е дека 5G пораките ќе ја револуционизираат комуникацијата помеѓу луѓето и компјутерите.