Основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во светот неодамна реши да се префрли на електричен автомобил. Бил Гејтс пред извесно време откри дека го купил својот прв автомобил на електричен погон.
Но, автомобилот што тој го избра не е Тесла, како што многумина очекуваа ,туку Порше Тајчан.
Во едно интервју, Гејтс рече дека електричните возила сè уште заостануваат зад автомобилите на бензин кога станува збор за досегот.
Но, тој додаде дека патничките автомобили “се една од најголемите надежи” кога станува збор за изнаоѓање на еколошки алтернативи.
Тој, исто така, ја пофали Тесла за нејзиниот огромен придонес да се случи тоа, но сепак откри дека тој лично вози друга марка на автомобил.
Само што добив Порше Тајчан. Морам да кажам дека станува збор за премиум автомобил, но одличен е. Ова е мојот прв електричен автомобил и навистина уживам во него, изјави Гејтс.
Порше Тајчан Турбо во САД се продава за 150.900 долари, а Турбо С за 185.000 долари. Автомобилите на Тесла се исто така скапи, но основниот Модел 3 може да се купи за 39.490 долари.
Основачот на Тесла, Елон Маск, го искажа своето незадоволство на Твитер за ваквиот потег на Бил Гејтс.
Да бидам искрен, моите дискусии со Гејтс беа разочарувачки, напиша Маск.