Забрането движење за време на следниот викенд вклучително и понеделник - одлучи Владата на денешната седница. Впрочем полицискиот час почнува од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот. Во тој период се забранува движењето за сите граѓани, објави премиерот Оливер Спасовски
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.
Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Полициски час за Велигден - Еве кој сепак ќе може да се движи
Aktualno
-
Ова се најдобро оценетите вина на саемот Wine Vision Open Balkans
На саемот „Open Balkan Wine Vision“ беа доделени наградите „Open Balkan Wine Trophy 2024“.
-
Постојано ви е ладно? Ова се можните причини поради кои не можете да се загреете
Некои луѓе чувствуваат студ без очигледна причина, што може да биде непријатна секојдневна појава. Иако е нормално да нѝ е ладно кога температурите се ниски, меѓутоа постојаното чувство на студ може да биде знак за постоење на здравствен проблем.
-
Златен ли е ѓеврекот купен покрај автопат?
Покрај автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа, продавачите на ѓевреци секое утро го привлекуваат вниманието на патниците со мирисот на свежо печени производи.
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
За 10 отсто се зголемила просечната плата во септември во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика пресмета дека вработените во просек земаат по 41.585 денари плата или 3.700 денари повеќе од септември 2023та.
-
Помалку овошје, поскап зеленчук – климатските промени ни ги празнат пазарите
Климатските промени сè повеќе се чувствуваат и врз земјоделството, оставајќи ги земјоделците да се справуваат со доцни мразеви, долги суши и екстремни временски услови. Овие промени, според агрометеоролозите, веќе силно удриле врз приносите и врз квалитетот на овошјето и зеленчукот.
-
Поскапуваат горивата, од полноќ нови цени
Расте цената на горивата од вечерва на полноќ. Поскапуваат сите видови на горива.