Принцот Вилијам се смета за најквалификуван наследник на британскиот престол врз основа на неговото образование, работни ангажмани и достигнувања до денес.
Врз основа на различни фактори како што се должината на владеењето, вредноста на богатството, образованието и големината на палатата, кралицата Елизабета Втора се најде на врвот на листата на најуспешни членови на кралските семејства која ја изготви сајтот royalvegascasino.com.
Владеењето на кралицата ќе достигне 68 години оваа година, што ја прави најдолгиот владеачки монарх во историјата на човештвото. Ројал Вегас ја истражи и професионалната позадина на нејзиното величество, како и на другите монарси ширум светот, за да го идентификува најдоброто кралско CV.
На топ 5 листата според генералната оценка како прва се најде кралицата Елизабета Втора (748 поени), за веднаш после неа да следи султанот на Малезија, Абдула од Паханг, со 661 поени, а на третото место се најде принцот Вилијам со 601 поен. Четвртото место му припадна на кралот на Тајланд, Ваџиралонгкорн (533 поени), а петтото на кралот на Шпанија, Фелипе VI (532 поени).
Ако се анализира само британското кралско семејство, наследникот на престолот, принцот Чарлс се наоѓа на четврто место, додека второто место му припаѓа на војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, кој воедно има и најдобро CV. Принцот Вилијам има повисоко образование од неговиот брат Хари, но истовремено тој важи и за поголем добротвор и има изненадувачки поголем број на обожаватели ширум светот.
Доколку се фокусираме само на богатството, на врвот на листата се наоѓа кралот Ваџиралонгкорн од Тајланд со проценета нето вредност од околу 30 милијарди долари. Тој не само што ги надминува другите благородници кога станува збор за пари, туку и кога се работи за академските достигнувања со оглед на тоа дека тој е доктор по право и има воен чин на генерал, адмирал и воздухопловен маршал.
После кралот Ваџиралонгкорн, се наоѓа уште еден доктор по право, а тоа е кралот на Мароко, Мухамед VI. На третото место се наоѓа шпанскиот крал Фелипе VI со магистратура во областа на меѓународната дипломатија, а 4-то и 5-то место се резервирани за двајца магистри по политички науки, а тоа се белгискиот крал Филипе и данската кралица Маргарет II.
Кога станува збор за наследници на круната, најдобрите кандидати врз база на нивните академски достигнувања се принцот на Бахреин, Салман (магистер по историја и филозофија на наука) и принцот Хаакон на Норвешка (магистер по развојни студии) со вкупен резултат од 436, односно 430.