Островот Барбадос сака да им ги отстапи своите убави плажи со кристално сина вода на луѓето кои сакаат да работат.
Ако некогаш сте сонувале да живеете на рајски остров, сега би можеле да го претворите тој сон во реалност. Со оглед на тоа што работата на далечина (работа од дома) станаа се почести за време на пандемијата на коронавирусот, островот Барбадос сака да им ги даде своите прекрасни плажи, со кристално сина вода, на луѓето за работа. Карипската земја планира да им понуди на сите посетители од странство можност за 12-месечен престој на островот.
Можете да дојдете овде и да работите неколку месеци, да се вратите, а потоа повторно да дојдете во Барбадос, изјави премиерката Миа Мотли.
Мотли призна дека има потешкотии при организирање пократки патувања, заради ограничувањата и карантинот, но едногодишниот престој може да помогне во забрзување на подобрувањето на економијата. Туризмот сочинува значителен дел од бруто домашниот производ на земјата, поточно 40 проценти, со повеќе од 2,4 милиони патници годишно, што обично трошат 1,1 милијарди американски долари на островот.
Но, поради ограничувањата наметнати за да се намали ширењето на коронавирусот, како и фактот дека многу луѓе веќе не патуваат, туризмот е силно погоден во Барбадос и другите земји на Карибите. Плажите, одморалиштата, рестораните и локалните бизниси се практично празни, но предлогот за едногодишен престој на островот беше претставен во совршено време, бидејќи меѓународните летови се повторно отворени од 12 јули.