
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и умерен, а долж Повардарието засилен, ветер од северен правец.
Дневната темпертаура ќе се движи од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне 8.
Во Скопје и околината, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на неделава ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.