Додека експертите, научниците, докторите и епидемиолозите предупредуваат дека коронавирусот сигурно ќе биде составен дел од нашите животи уште долго време, компанија во БиХ ја отвори својата прва „антивирус“ продавница.
Станува збор за компанијата Алибег д.о.о. која одлучи да направи важен потег во својот спектар на различни активности и да ја отвори првата и единствена „антивирус“ продавница за продажба на мало и големо.
Како што пренесува порталот Радио Сараево, преку нивниот бизнис во претходниот период, тие се стекнале со голема доверба од страна на своите клиенти, па решиле да им олеснат на сите физички и правни лица кои сакаат да ги најдат сите производи на голем број различни производители на едно место и на едноставен начин, а кои се неопходни за време на оваа пандемија.
Алибег д.о.о. истакна дека во нивната понуда може да се најдат голем број на средства за дезинфекција за разни намени, визири, маски, заштитни бариери од плексиглас, безконтактни топломери, заштитни костуми, капи, ракавици, средства за дезинфекција на обувки и сè друго.