Еден Македонец, во просек, го напушта домот на своите родители на 29,8 години,и сме шампиони во однос на државите од поранешна Југославија. Најблизу до нас се Црногорците кои од дома си одат на 29,7 , па Србите со 29, 6 и Босанците со 29,4 години.Мадите од Хрватска од дома си одат не така млади ама сепак не ја чекаат триесеттат година па заминуваат на 27,9 години.
Албанците дома седат додека не станат „полнолетни„ со 30 години а најтешко им паѓа заминувањето од дома на Турците си одат од дома на 30 и кусур т.е 30,2 години
Постојат земји членки во ЕУ во коишто младите на многу помлада возраст го напуштаат семејниот дом: Шведска (17,8 години), Данска (21,1 година) и Финска (21,8 години), како и во Норвешка (22,1 година). Млади луѓе кои пред 25-тата година се осамостојуваат се и од: Франција (23,6 години), Германија 23,7 и Холандија (по 24,0 години).
Од друга страна, младите кои најдолго остануваат во домот на своите родители а се од земјите од ЕУ се оние од Хрватска 27,9 Грција (28,0 година), Бугарија (28,7 години)
Како најчести причини поради кои младите го напуштаат семејниот дом е студирање или живеење со партнерот, како и нивното ниво на финансиска (не)зависност, услови на пазарот на труд, како и различни социјални и културолошки фактори.
Во просек, младите луѓе во ЕУ ја напуштаат куќата на своите родители на 26,2 години
Само 4% од Данците на возраст од 25 до 34 години, во текот на минатата година, живееле со своите родители. Од друга страна, во Македонија дури 60,7%, покажуваат податоците
Меѓу земјите членки на Европската унија со најниска стапка, по ова прашање се и Финска (4,8%) и Шведска (5,7%). Наспроти нив, највисок процент на млади, на возраст од 25 до 34 години кои живеат со своите родители, има во: Словачка (56,4%), Грција (57,8%) и Хрватска (62%).
За нас Македонците сепак ова е напредок бидејки последното истражување од 2019 годни велеше дека во просек, Македонците го напушта домот на своите родители на 31,8 години